Достапни линкови

Петрус: Екстремистите ќе се обидат да ги попречат изборите во Ирак


Генералот Дејвит Петрус, кој ги надгледува операциите на армијата во Ирак и во Авганистан, изјави дека очекува, екстремистите да се обидат да ги попречат парламентарните избори во Ирак на 7 март. Тој вели дека има распоредено задоволителен број војници, кои може да се справат со потешкотиите. Петрус оценува дека безбедносната состојба во Ирак е значително подобрена во изминативе 2,5 години, иако останува заканата од Ал Каеда и шиитските милитанти.
Тој соопшти дека бројот на американски војници во Ирак, до август, ќе се намали на 50 илјади.
XS
SM
MD
LG