Достапни линкови

Реал Мадрид и Барселона - најпрофитабилни


Шпанските прволигаши Реал Мадрид и Барселона се најпрофитабилните фудбалски клубови во светот. Според извештајот на британската сметководствена фирма Делоит, Реал заработил 401 милиони евра за 12 месеци – од јуни 2008 до јуни 2009 година. Со тоа, Реал Мадрид е најпрофитабилен фудбалски клуб во светот, петта година по ред. Веднаш по него е Барселона со заработени 366 милиони евра.
Трет е англискиот шампион Манчестер Јунајтед, па Баерн Минхен, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Јувентус.
XS
SM
MD
LG