Достапни линкови

logo-print

Мотаки:Израел може да направи нешто лудо


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки денеска во Женева изјави дека Израел е ослабен поради честите борби со исламистички милитантски групи, што може да доведе да направат, како што вели тој „нешто лудо“. Мотаки истакна дека Израел не е во позиција да излезе на крај со уште една војна.Тој во својот говор на конференцијата за човекови права во Обединетите Нации, изјави дека поради борбите во последниве 4 години, не треба да се исклучи можноста дека Изреал може да направи нешто лудо. Иран е обвинет за обезбедување на воена поддршка на движењата Хезболах и Хамас.
XS
SM
MD
LG