Достапни линкови

Стечајците ќе протестираат


Работници протестираат пред Собранието во Скопје

Работници протестираат пред Собранието во Скопје

Стечајците и работниците прогласен за технолошки вишок најавуваат протест пред Владата. Тие бараат сите стечајци или работници прогласени за технолошки вишок со минимум 15 години работен стаж да добиваат по 100 евра од државата, во спротивно најавуваат граѓанска непослушност.

Стечајците и работниците прогласени за технолошки вишок ќе протестираат пред Владата. Тие ќе бараат да се состанат со премиерот Никола Груевски за да разговараат за решавање на нивниот статус. Тие бараат сите стечајци и работниците прогласени за технолошки вишок со минимум 15 години стаж и старост над 50 години за жени, а над 53 години за мажи, се до пензија да добиваат од државата по 100 евра. Претседателката на здружението ,,Унит" од Куманово, Љиљана Ѓорѓиевска вели дека тие се револтирани од односот на премиерот Груевски, кој досега не покажал слух за нивните проблеми и дека нема да се откажат од нивните барања.
Жално и срамно е што не дојде премиерот да види до каде тие луѓе таму се отидени и каде стасаа?


„Жално и срамно е што не дојде премиерот да види до каде тие луѓе таму се отидени и каде стасаа? Жално e што не игнорира како да сме ,,Ш" категорија на луѓе, како да не сме граѓани на Република Македонија, затоа со овa сакаме да му укажеме дека уште сме живи и дека нема да попуштиме пред никаков притисок додека не ги исполни нашите барања.“

Раководителот на секторот за заштита на права на работниците во Сојузот на синдикати на Македонија, Драге Јовановски вели дека не држат тезите на премиерот Груевски дека Владата неможе да им помогне на стечајците, затоа што тие се од приватни фирми.

„Секаде на Запад, дали е компанијата приватна или државна кога оди компанијата во банкрот, кога оди во стечај, работниците ги имаат истите права и обврски да примаат надоместок од државата и тоа за цел временски период се додека не биде евентуално вработен повторно или пензиониран.“
Секаде на Запад, дали е компанијата приватна или државна кога оди компанијата во банкрот, кога оди во стечај, работниците ги имаат истите права и обврски да примаат надоместок од државата

По 18 месеци штрајк во Жена Парк работниците со над 25 години стаж кои останаа на улица по банкротот на државните фирми добија од државата по 5000 денари месечно. Нивниот претставник Стојан Стојанов вели дека треба да се решение и за другите стечајци, а не само политичарите да манипулираат со нив.

„Политика веќе преку глава ние, политичарите само за нивни рејтинзи и за да добијат нивен реизбор или избор, манипулираат со нас, со таа категорија луѓе. Тоа е најлошо, што некој на нашата мака сакаат да добијат политички поени.“

Стечајците и работниците прогласени за технолошки вишок една година чекаат одговор од Груевски на нивното барање за склучување на спогодба за социјален договор. Доколку премиерот одбие да ги прими тие најавија дека ќе прогласат граѓанска непослушност, односно сите нивни сметки ќе ги испратат на адресата на владата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG