Достапни линкови

logo-print

Рен: Грчките економски мерки не се доволни


Грција мора да преземе дополнителни мерки за да може да го намали буџетскиот дефицит, па колку и да е тоа болно. Ова денеска го изјави евокомесарот Оли Рен по средбата во Атина со грчкиот министер за финансии, Јоргос Папаконстантину. Рен побара од грчката влада да објави нови мерки за подобрување на економската состојба во земјата. Тој истакна дека Европската Комисија ќе продолжи да ги поддржува грчките власти во борбата за заздравување на националната економија. Папаконстантину изјави дека ќе преземат ако треба и нови мерки за да се намали дефицитот.
XS
SM
MD
LG