Достапни линкови

Караџиќ: Каузата на Србите во босанскиот конфликт „света и праведна“


Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ во својата одбрана пред хашкиот Трибунал изјави дека каузата на Србите во конфликтот во Босна била „света и праведна“. Караџиќ денеска во воведниот говор во судењето во Хаг ја отфрли вината за воени злостортва тврдејќи дека неговиот народ само се бранел од исламистичките фундаменталисти.Тој е обвинет за геноцид и воени злостортва врз несрпското население за време на босанскиот конфликт. Обвинителите тврдат дека Караџиќ се обидувал да направи етничко чистење .
XS
SM
MD
LG