Достапни линкови

ОБСЕ: Изборите во Таџикистан се нерегуларни


Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека вчерашните парламентарни и локални избори во Таџикистан се нерегуларни. Претставникот на организацијата, Пиа Крисмас Молер изјави дека изборите не исполниле ни основни демократските стандарди. Таџикистанската изборна комисија соопшти дека партијата на актуелниот претседател Емомали Ракхмон победила со освоени 70 проценти од гласовите. Ракхмон владее во Таџикистан веќе 17 години.
XS
SM
MD
LG