Достапни линкови

Нема нови информации за името


Македонскиот државен врв, за сега, без информации од Нимиц за разговорите во Атина

Македонскиот државен врв, за сега, без информации од Нимиц за разговорите во Атина

Во министерството за надворешни работи велат дека евентуалната средба меѓу посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот и грчкиот преговарач Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис зависи од проценката на посредникот. Тие немаат дополнителни информации и упатуваат на вчерашната изјава за спорот за името на премиерот Никола Груевски.

Вчера премиерот Груевски посочи дека нема остварено ниту директен, ниту индиректен контакт со посредникот Нимиц по неговата посета на Атина. Груевски рече дека чека Нимиц да го информира преговарачот Јолевски за разговорите со грчките власти.
Јас лично не верувам дека нешто драматично ќе биде поместено во преговорите во наредните два – три месеци. И доколку тоа е навистина услов за одредување датум за преговори не верувам дека во оваа прилика Европскиот совет ќе донесе таква одлука.

„Се надевам дека следната недела ќе има некаков контакт со нашиот преговарач, да му ги каже импресиите од средбата во Грција и намерите за понатаму. Така што во моментов не би можел ништо повеќе да кажам од она што го изјавив кога тој си замина од Скопје. Клучниот момент е што се случило во Атина, какви биле разговорите, какви биле сигналите.“

И покрај изјавите на грчките власти дека на Нимиц му била повторена грчката црвена линија, по посетата на Атина тој рече дека има добро чувство. Нимиц повторно посочи дека фокусот на проблемот е името на државата а не другите прашања што се појавуваа во текот на годините, иако, како што рече тој, и тие прашања треба да бидат затворени на еден или на друг начин.
Што е следно? Медијаторот Метју Нимиц

ЛДП, пак, вчера побара лидерска средба на која ќе се дискутира за спорот за името. Пред Нова година, мартовскиот самит на ЕУ што ќе се одржи на 25 и 26 март во Брисел беше посочуван како неформален рок за решавање на спорот за името за Македонија да може да добие датум за преговори. Македонија не е на дневен ред на самитот.

На дневен ред на тој самит се две теми - подготовка за донесување на нова економска стратегија за следната деценија и климатските промени.
Експертите велат дека е извесно дека спорот нема да се реши во наредните три-четири недели. Професор Димитар Мирчев вели дека сигналите од Атина не се позитивни.

„Јас лично не верувам дека нешто драматично ќе биде поместено во преговорите во наредните два – три месеци. И доколку тоа е навистина услов за одредување датум за преговори, не верувам дека во оваа прилика Европскиот совет ќе донесе таква одлука.“

Сепак, Мирчев остава можност Македонија паралелно да го решава спорот за името со Грција и да ги води преговорите за членство со ЕУ.

„Доколку двете страни би најавиле дека се во тек разговори за заедничка основа на решението, тоа би можело да биде позитивен знак за Советот, барем да ја отвори вратата за паралелно одвивање на преговорите, мислам на за влегување во ЕУ и за доразрешување на ова прашање за името.“

Посредникот Метју Нимиц по средбите со македонските и грчки власти не соопшти дали и кога ќе ги Јолевски и Василакис на нова рунда преговори.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG