Достапни линкови

logo-print

Караџиќ во Хаг ја негира вината за воени злосторства во БиХ


Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ, кој е обвинет за геноцид и воени злосторства врз несрбското население за време на војната во БИХ, денеска во воведниот говор на судењето пред Хашкиот трибунал ја негираше вината . Тој за масакрот во Сараевско Маркале на промер ги обвини бошњаците, кои како што рече, на пазарот довеле мртви тела на нивни борци за да ги обвинат србите. Караџиќ, кој самиот се брани, според одлуката на судскиот совет има два дена за излагање на воведниот збор, колку што, на почетокот на судскиот процес, на 26 октомври минатата година, за воведните зборови имаше и обвинителот.
Обвинителот Алан Тигер го посочи Караџиќ како архитектот на политиката во кои злостроствата, што му се ставаат на товар, беа направени.
XS
SM
MD
LG