Достапни линкови

logo-print

Неделава вашите коментари се поврзани со високите сметки за струја. „Евтина струја – виц на годината“, или „Нека пробаат министрите да живеат со 200 денари месечно“, се само дел од коментарите на посетителите на нашата Интернет страница

Иако темата е сериозна, ги допира сите граѓани и ни ги празни џебовите на сите, сепак ќе почнеме со виц – тоа покажува дека ние, граѓаните на оваа држава и во арно, изгледа повеќе во мака, не го губиме чувството за шега: ,,Евтина струја? Ова сигурно е виц на годината,, пишува Александар од Скопје на нашата веб-страница за темата на Хајд паркот – поскапувањето на струјата од 1 јануари годинава. Луѓето си го кажуваат своето мислење, во зависност од тоа кој колку е засегнат, си ,,делат,, памет едни на други, но во
Ако некој во Македонија има плата или пензија околу 10 илјади денари, а сметката за струја му е 2 000, плус другите сметки околу 2 000, му остануваат 6 илјади месечно за се' друго. Или по 200 денари дневно. Е, па нека проба некој министер да преживее со толку пари месечно???
истовреме, покажуваат дека се свесни дека мора да се научиме да штедиме енергија. Петко од Скопје пишува дека со цена од 6 центи за киловат-час струјата е се' уште многу евтина. ,,Во Германија на пример цената е 20 евро-центи. Ние се' уште можеме да си дозволиме да се грееме на струја, што е незамисливо на Запад,, продолжува Петко, ,,ама таму имаат алтернатива, на пример, гас,, па самосвесно вели дека струјата треба да поскапува за да имаат интерес инвеститорите да вложуваат во енергетски капацитети, а луѓето треба да научат да бидат поекономични, да градат со добра изолација, да користат штедливи светилки, да греат вода на сончева енергија и ткн,,. ,,Не одраа со сметкиве,, му одговара на Петко, Гордана исто така од Скопје. ,,Евтина струја, во Европа биле повисоки цените и слични смешни образложенија,,.Гордана дури ги советува министрите да се обидат да живеат со 200 денари дневно. Како? Еве ја нејзината пресметка: ,,Ако некој во Македонија има плата или пензија околу 10 илјади денари, а сметката за струја му е 2 000, плус другите сметки околу 2 000, му остануваат 6 илјади месечно за се' друго. Или по 200 денари дневно. Е, па нека проба некој министер да преживее со толку пари месечно???,, го завршува со многу прашалници Гордана своето пледоаје околу цената на струјата и животните трошоци на обичниот човек во земјава. Анонимен исто така од главниот град му довикнува на Петко: ,,Дечки, ако споредуваш 20 центи во Германија со 5 центи во Македонија, тогаш спореди ги и платите ама и се' друго,,. Некој Војо сака да знае кога преку неделата има евтина струја, а Иван од Скопје му одговара дека ,,се' е фатаморгана – и да ти викаат дека има – не веруј – нема ништо евтино веќе,,. Стојан од Скопје смета дека ,,Ова е пак ујдурма на Владата. Имаа проблеми, спор со ЕВН, сега веќе немаат,, пишува Стојан. ,,Ги оставија да ни ги налупаат сметките колку што сакаат, а и Владата има ќар од данокот. Поголеми сметки, поголеми даноци, државната каса се полни, па си има пари Груевски и компанија за плати и за фиктивни проекти,, го дава својот рецепт за проблемот Стојан од Скопје. Читањето на вашите електронски пораки, почитувани, ќе го завршам пак со пораката од Иван до Војо, која го покажува нашиот менталитет, без љутиш, склоноста кон помирување со судбината, во овој случај со поскапувањето на струјата: ,, Се е фатаморгана, и да ти кажуваат дека има, веруј ми, нема ништо евтино веќе,,. Што се однесува до прашањето на Радио Слободна Европа кој може да го реши проблемот со името, граѓаните барем досега изгледа се реални песимисти: 38% од пораките се дека никој не може да го направи тоа, 25% дека актуелната влада е таа која може да го реши спорот, еден процент повеќе, 26% сметаат дека за тоа е потребна техничка влада.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG