Достапни линкови

Последен рок за даночни пријави


Кој ќе го плати данокот?
Кој ќе го плати данокот?
Денеска е последен ден за фирмите да го пријават данокот на добивка и даночниот биланс за вкупен приход. И додека денеска се чекаат конечните бројки за тоа колку фирми го пријавиле данокот за 2009 година, се чини дека до крајот на минатата недела речиси
Од годинава, ако зборуваме за подрачјето на Скопје, покрај тоа што даночните обврзници пријавите може да ги поднесуваат во регионалната дирекција во Скопје, истото тоа можат да го сторат и во контакт центарот на Управата, исто и во даночниот шалтер Гази Баба. Во делот на роковите, за запазување на рокот УЈП работеше и во сабота и недела.
половина од регистрираните правни субјекти во земјава, не ги поднеле потребните документи во Управата за јавни приходи. Од тука и очекувањето дека денеска ќе има турканици и нервози пред шалтерите, но на терен сликата е сосема поинаква

„Бргу поминавме, брзо оди, еден печат удараат и други ништо.“
„Нема турканици, ако се дојде на време, нема.“
„Ние дојдовме уште од порано, по други работи дојдов, со време завршив работа. Во принвип е ОК, зашто и вчера и завчера работеа.“

Од Управата потврдуваат дека пријавувањето тече непрекинато, без поголеми проблеми. Портпаролот на институцијата Весна Новаковиќ вели дека УЈП годинава во Скопје овозможила поднесување на пријавите на повеќе локации:

„Од годинава, ако зборуваме за подрачјето на Скопје, покрај тоа што даночните обврзници пријавите може да ги поднесуваат во регионалната дирекција во Скопје, истото тоа можат да го сторат и во контакт центарот на Управата, исто и во даночниот шалтер Гази Баба. Во делот на роковите, за запазување на рокот УЈП работеше и во сабота и недела.“

Дополнително, управата денеска ќе работи подоцна, додава Новаковиќ

„Бидејќи денеска е последниот рок, сите даночни канцеларии на УЈП ќе работат до 20 часот.“

Казните за непријавување на данокот достигнуваат и до 3.000 евра за фирмите, а се пресметуваат и казни за сопствениците на компаниите. Според податоците на УЈП, до вчера биле поднесени вкупно 58.950 даночни биланси. Од нив 39.539 се од правни лица со цел утврдување на данокот на добивка а 19.411 се мали и микро субјекти за утврдување на годишниот данок на вкупен приход. Се` на се, според извештаите на УЈП, близу 88 проценти од регистрираните обврзници поднеле даночни пријави.


XS
SM
MD
LG