Достапни линкови

Во Хаг продолжува процесот против Здравко Толимир


Во Хашкиот трибунал денеска ќе продолжи судењето на поранешниот генерал на босанските срби, Здравко Толимир, кој се товари за геноцид и други злосторства извршени во Сребреница и Жепа во 1995 година.Судскиот процес против Толимир започна на 26 февруари.Обвинителството најави дека ќе докаже оти српското раководство во БиХ во 1992 година смислило начин како со насилно протерување да ги натера муслиманите да ги напуштат Сребреница и Жепа, но и дека имало планови реката Дрина да се елеминира како граница меѓу Србија и Република Српска.
Толимир е последниот обвинет во притвор против кого е започнат судски процес, а во бегство се уште се наоѓаат Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ.
XS
SM
MD
LG