Достапни линкови

Караџиќ ја почнува својата одбрана во Хашкиот Трибунал


Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ, кој е обвинет за геноцид и воени злосторства врз несрбското население за време на војната во БИХ, ќе го има воведниот говор на судењето пред Хашкиот трибунал.
Караџиќ, кој самиот ќе се брани, според одлуката на судскиот совет ќе има два дена за излагање на воведниот збор, колку што, на почетокот на судскиот процес, на 26 октомври минатата година, за воведните зборови имаше и обвинителот.
Обвинителот Алан Тигер го посочи Караџиќ како архитектот на политиката во кои злостроствата, што му се ставаат на товар, беа направени.
XS
SM
MD
LG