Достапни линкови

Барак Обама со добро здравје иако пуши цигари.


Aмериканскиот Претседател Барак Обама е во одлична здравствена состојба иако пуши и страда од болки во коленото. Ова го изјави лекарот, морнаричкиот капетан Џефри Кухлман по првата медицинска проверка на Обама откако стана Претседател пред повеќе од една година. Лекарот го храбрел Обама да ги остави цигарите и да се храни поздраво за да го намали малку покачениот холестерол. Обама, според лекарот Кухлман, е висок 185 сантиметри а е тежок 82 килограми. Следниот рутински преглед е во Август 2011 откако американскиот Претседател ќе наполни 50 години.
XS
SM
MD
LG