Достапни линкови

logo-print

Еврокомесарот Рен во Атина


Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Оли Рен пристигнува во посета на Атина, каде што со грчките власти ќе ја разгледа состојбата на грчката економија и на државните финансии на земјата, се наведува во соопштението објавено од Европската комисија. Во него се наведува дека за време на посетата Рен ќе се сретне со грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос, со министерот за финансии Јоргос Папаконстантину, со министерот за труд и социјално осигурување Андреас Ловердос и со гувернерот на централната банка Јоргос Провопулос. По средбите предвидено е еврокомесарот Рен да даде изјава за медиумите.
XS
SM
MD
LG