Достапни линкови

Шефот на француската дипломатија во Србија


Министерот за надворешни работи на Франција Бернар Кушнер денеска во Белград ќе разговара со највисоките српски претставници за европските интеграции, унапредувањето на билатералната соработка, како и за прашањето за Косово. Меѓу темите на разговорите ќе биде и ангажирањето на Франција на развој на поширокиот регион и подобрување на односите меѓу Белград и Приштина. Предвидено е Кушнер да го посети и Косово.
XS
SM
MD
LG