Достапни линкови

Ирак очекува Ал Каеда да нападне на 7-ми март


Ирачкиот министер за одбрана Абдел Ќаред Џасим изјави денеска дека очекува екстремистите од Ал Каеда да го направат, како што вели „најлошото“ за да ги попречат престојните парламентарни избори. За интервју за новинската агенција Ројтерс тој изјавил дека овој „терористички непријател“ планира напади на 7-ми март. Џасим истакна дека десетици илјадници полицајци и војници ќе бидат распоредени на гласчките места за да ги спречат можните напади.
XS
SM
MD
LG