Достапни линкови

ЛДП бара лидерска средба


Македонската Либерано – демократска партија побара итно да биде свикана лидерска средба на која ќе се разговара за македонско – грчкиот спор за името. Претседателот на одборот за евроинтеграции на ЛДП, Ивица Боцевски изјави дека имајќи предвид дека ова прашање стои меѓу Македонија и реализирањето на нејзините стратешки определби - влез во ЕУ и НАТО, македонските граѓани мора да бидат информирани која е стратегијата на државниот врв, што ќе се случува до 30 јуни и кој ќе ја понесе одговорноста ако Македонија се соочи со уште еден бродолом во јуни.
XS
SM
MD
LG