Достапни линкови

Јапонија стравува од цунами а Австралијанските сурфери се радуваат на високите бранови


Јапонија евакуира денеска над 320 илјади луѓе од крајбрежјето стравувајќи од нови цунами бранови. Новинските агенции јавуват дека на јапонскиот брег досега пристигнале бранови високи еден метар. Русија го откажа предупредувањето од цунами откако на бреговите на Камчатка пристигнаа низа на ниски бранови. Австралијанските сурфери и пливачи не го послушале предупредувањено на властите и една група луѓе останала на плажите во очекување на високите бранови.Сирени за предупредување од Цунами се слушаа цел ден во 50 држави кои се наоѓаат околу Пацификот.
XS
SM
MD
LG