Достапни линкови

Бројот на загинати од земјотресот во Чиле расте


Претседателката на Чиле, Мишел Бачелет изјави дека загинале околу 80 луѓе во земјотересот со јачина од 8,8 степени по Рихеровата скала. Бачелет додаде дека се очекува бројот на загинати во оваа катастрофа да се зголемува во текот на денот. Медуимите во Чиле известуваат дека многу згради и неколку мостови се срушени и е предизвикана голема материјална штета. Меѓународниот аеродром е затворен. Издадено е предупредување за можно Цинами во Чиле, Перу и Еквадор.
XS
SM
MD
LG