Достапни линкови

Уште двајца турски генерали обвинети за заговор


Турскиот суд обвини уште двајца пензионирани генерали за заговор, со што вкупната бројка на обвинети воени офицери е 30. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера ја предупреди армијата дека никој не е над законот и оти сите оние што дејствувале против турската демократија, ќе се соочат со правдата. Тензиите се зголемуваат меѓу Владата и секуларистичката армија, кој од 1960-та година, досега има соборено 4 цивилни влади.
XS
SM
MD
LG