Достапни линкови

Три лица во БиХ уапсени за геноцидот во Сребреница


Босанската полиција уапси три лица, осомничени дека учествувале во систематски егзекуции на над илјада муслимани од Сребреница за време на војната во Босна и Херцеговина.
Главниот обвинител на Сараево соопшти денеска дека 35 годишниот Властимир Голијанин, 38 годишниот Зоран Гороња и 42 годишниот Станко Савановиќ се поранешни војници од босанската армија и тие лично извршувале екзекуции на мажи и момчиња во Сребреница. Армијата на босанските Срби во 1995 година ја презеде контролата врз Сребреница и уби околу осум илјади заробени босански муслимани, што се смета за најжестокото крвопролевање во Европа по Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG