Достапни линкови

Папандреу - Никој на Грција нема да и ги плаќа сметките


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во Парламентот изјави дека мора да се понесе одговорноста за излез од економската криза, бидејќи ниту една друга земја нема да плаќа за Грција Неколку германски банки соопштија денеска дека ќе се воздржат од нови инвестиции во грчки државни обврзници, поради финансиската состојба во Грција.
Папандреу одговараше на прашања на опозицијата во врска со финансискиот план, кој Владата сака да го спроведе во земјата со цел да се справи со рекордно високиот буџетски дефицит.
Се очекува ЕУ во следните денови да разгледа дали е потребно да се побараат од Грција дополнителни економски мерки кон веќе објавените, кои се состојат од замрзнување на платите и вработувањата.
XS
SM
MD
LG