Достапни линкови

Ердоган вети судење на сите, вклучени во заговорот


Турскиот премиер Ердоган денеска вети дека сите кои биле вклучени во заговорот за државен удар ќе бидат изведени на суд. Тој прецизира дека никој не е над законот, ниту пак, привилегиран. Турските власти денеска приведоа 18 воени офицери, а во текот на оваа недела уапсија околу 50 офицери, за наводен заговор за соборување на владата на Ердоган во 2003 година. Повеќето од затворените и официјално се обвинети за заговор против демократијата во земјата.
XS
SM
MD
LG