Достапни линкови

Шест години од трагичната смрт на претседателот Трајковски


Денеска се навршуваат шест години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осумтемина негови соработници и членови на екипажот. За Трајковски се смета дека одигра клучна улога во постигнувањето на Рамковниот договор, кој според аналитичарите се покажа како добар за решавање на меѓуетничките проблеми во земјата.

Борис Трајковски, кој беше втор по ред претседател на Македонија, имаше клучна улога во потпишувањето на Рамковниот договор во 2001-та, со што се стави крај на оружениот конфликт во Македонија, и важеше како лидер со прозападна ориентација и миротворец
Друго е прашањето со каков интензитет и во кој временски период се остварува таканаречениот план на претседателот Трајковски. Јас лично мислам дека сето тоа што беше тогаш планирано вроди со плод и денес Република Македонија е сосема поинаква држава, општество во однос на тоа што беше до тогаш. Тоа секако дава шанси за натамошен просперитет на Република Македонија.
кој избегна граѓанска војна. Гледајќи денес по шест години од аспект на тоа што беше декларирано тогаш и што сега се остварува, експертите сметаат дека во секој случај едно разбирање на современоста на текот на развојот на Македонија беше добро поставено со планот на Трајковски.

„Друго е прашањето со каков интензитет и во кој временски период се остварува таканаречениот план на претседателот Трајковски. Јас лично мислам дека сето тоа што беше тогаш планирано вроди со плод и денес Република Македонија е сосема поинаква држава, општество во однос на тоа што беше до тогаш. Тоа секако дава шанси за натамошен просперитет на Република Македонија.“

вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност. Во времето кога се разрешуваше кризата во Македонија во согласност со новонастанатите прилики заради идеите кои ни ги даде Меѓународната Заедница, тогашниот претседател ги прифати и фактички дојде до Рамковниот договор кој во голема мерка се обиде да ги реши сите внатрешни проблеми на меѓунационален план. Трајковски беше една од личностите која за жал остави белег по својата смрт затоа што јавноста не беше подготвена или да ги препознае или да ги прифати неговите прогресивни идеи во поглед на меѓунационалните односи во она што се нарекува етика и морал во политиката и во она што се нарекува стратегиско партнерство и долгорочна перспектива на државата, вели Ризван Сулејмани од евро атланскиот клуб:

„Денешните политичари повеќе се опфатени со нивната моментална позиција и јавното мислење кое често пати може да биде и регресивно. И далеку од тоа што беше идејата на претседателот Трајковски.“

Борис Трајковски загина трагично во авионска несреќа на 26 февруари 2004, заедно со осуммина соработници, близу Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години. Сеште истрагата ги нема разјаснето околностите поврзани со падот на авионот и МВР сака да се дорасчисти случајот. Најкрупни прашања, според Анкетната комисија, кои треба дополнително да се испитаат се нелогичностите околу пронаоѓањето на остатоците од авионот 26 часа по несреќата, а треба особено да се испитаат тврдењата дека припадниците на босанската полиција и спасувачките екипи биле спречени од претставници на КФОР да пристапат до местото на несреќата, и неможноста да се испитаат припадниците на КФОР кои биле во контролната кула кога паднал авионот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG