Достапни линкови

logo-print

Конкурентен производ за успех на светските пазари


Конкурентниот производ е клучен предуслов за успех на домашниот и странските пазари, но креирањето на таквите производи во Македонија е потешко поради недостигот на соодветна инфраструктура за поддршка на бизнис, се согласуваат упатените.

Шефот на мисијата на УСАИД во земјава Мајкл Фриц во неделното интервју за Радио Слободна Европа напоменува дека без разлика на тоа какви се регулативите во земјата, конкурентниот производ е клучен за успех во бизнисот
Сметам дека претприемачите со кои ние работиме би биле успешни во каква било средина. Тие им се посветени на своите производи и работат кон тоа да станат конкурентни на регионалните пазари. Гледаме одредени успеси, но бевме во период на економски пад и тоа секако влијаеше врз компаниите во Македонија. Јас би рекол оти е точно дека владата секогаш може да стори повеќе и да го поттикне процесот


„Сметам дека претприемачите со кои ние работиме би биле успешни во каква било средина. Тие им се посветени на своите производи и работат кон тоа да станат конкурентни на регионалните пазари. Гледаме одредени успеси, но бевме во период на економски пад и тоа секако влијаеше врз компаниите во Македонија. Јас би рекол оти е точно дека владата секогаш може да стори повеќе и да го поттикне процесот.“

Сепак, од тука се поставува прашањето- зошто упатените и бизнисмените до сега неколку пати посочуваа дека од земјава повеќе се извезуваат суровини отколку готови брендирани производи на успешни бизниси?

Извршниот директор на „ПСМ YЕЅ“ фондацијата Љупчо Деспотовски вели дека Македонија има одлични закони, но инфраструктурата за поддршка на бизнисот треба да се подобри.

„Не е проблем да регистрираш фирма, сето тоа оди брзо. Проблемот е во непостоење на поддршка што следи потоа, значи немаме здрава инфраструктура што ќе го помогне тој бизнис да опстои.“

Се чини дека младите високообразовани кадри во земјава повеќе преферираат работни места во јавниот сектор и немаат храброст да почнат сопствен бизнис, додава Деспотовски:

„Кај нас имаме огромна државна бирократија и луѓето сметаат дека е подобро да работиш за 300 евра плата во некое Министерство, Агенција или институција, наместо да отворат сопствен бизнис. Се плашат, сметаат дека е посигурно да работат за државата. Таа е најголем работодавач.“

Инаку, според официјални податоци, производството само во преработувачката индустрија во јануари годинава е преполовено во споредба со декември 2009 година.
XS
SM
MD
LG