Достапни линкови

Поплави во Пелагoнија


И Пелагонија поплавена. Фото: Од поплавите во Прилеп
И Пелагонија поплавена. Фото: Од поплавите во Прилеп

Политички препукувања деновива ја жнеат поплавената Пелагонија. Опозицијата обвинува дека предупредила навреме за неисчистените канали, а според едни политичари од власта неисчистената одводна мрежа е реалност, а според други измислена категорија од опозицијата и новинарите.

„Кога беа поплавите во Алабнија премиерот Груевски даде изјава дека Македонија нема да се среќава со поплави зашто оваа Влада ги исчистила сите канали и речни корита низ Македонија. Уште кога ја слушнав таа изјава во себе си помислив „премиере знаеш и ти дека тоа не е така и не ја предизвикувај судбината, не коби„. Месец дена пола Пелагонија плива во вода“
Кога беа поплавите во Алабнија премиерот Груевски даде изјава дека Македонија нема да се среќава со поплави зашто оваа Влада ги исчистила сите канали и речни корита низ Македонија. Уште кога ја слушнав таа изјава во себе си помислив „премиере знаеш и ти дека тоа не е така и не ја предизвикувај судбината, не коби„. Месец дена пола Пелагонија плива во вода


изјави Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

„Во делот за советнички прашања до градоначалникот, Ви поставив прашање од жителите на Логоварди за неисчистените одводни канали и опасноста од поплави. Вашиот одговор господине Талески беше смирувачки и дека се исчистени коритата на реките Црна и Дргор што се покажа како неточно,“

вели Наташа Струмениковска, советник на СДСМ во Битола.

Градоначалникот Владимир Талески со одговор дека се претерало со предимензионирање на нешта кои не постојат.

„Со чистењето на каналите во летниот период преку Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија и со наша помош, значително се олесни работата. Малку се претера со нешта кои всушност и не постојат. Добро е што и вие будно ја следите целата ситуација и мислам дека во еден дел и од опозицијата се предимензионираа работите и мислам дека навистина е некоректно природните појави да се политизираат“

изјави Талески.

Деновиве во Пелагонија беа поплавени 10 илјади хектари обработливи ниви. Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски одводните канали не функционираат добро, а коритото на Црна не е исчистено над 20 години.

„Заради ислевање или нефункционирње на системот се поплавени повеќе илјади хектари земјоделска површина. Мора во следниот период да се исчисти под итно целото корито на реката Црна, од таму се и овие последици“

рече министерот.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG