Достапни линкови

Руски гас за Туција по намалена цена


Рускиот енергетскa компанија „Газпром“ ќе ја намали цената на природниот гас што ќе и го дистрибуира на Турција за 6,5 проценти на 330 долари за илјада метри кубни, објави турскиот весник „Хабер Турк“.
Според весникот, со ваквата намалена цена, за дистрибуцијата на 19 милијарди кубни метри руски гас во 2010 година, Турција ќе заштеди околу 400 милиони долари. Договорт за намалување на цената на рускиот гас за Турција е постигнат за време на средба на турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз и рускиот вице-премиер задолжен за енергетскиот сектор Игор Сечин, по надминувањето на спорот околу долгот на Анкара за нарачениот, но непреземен руски гас за 2009 година, во висина од 190 милиони долари.
XS
SM
MD
LG