Достапни линкови

НАТО ја преиспитува својата улога


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

САД деновиве ги интензивираа критиките врз своите европски партнери за нивниот придонес во НАТО. Секретарот за одбрана Роберт Гејтс ги предупреди европските членки на НАТО дека доколку не ги модернизираат своите армии и не ги зголемат буџетите за одбрана, на Алијансата и се заканува ослабување на нејзината моќ во светот.

На форумот во Вашингтон на експертите кои треба да го подготват новиот стратегиски концепт на НАТО, Роберт Гејтс изјави дека Сојузот веќе 61 година успешно го чува мирот по Втората светска војна. Сега, според него, европската аверзија спрема воената сила ја компромитира способноста на НАТО да спречи некаква агресија.

,,Демилитаризацијата на Европа, каде што голем дел од јавноста и политичката класа, имаат аверзија спрема воената сила и ризиците кои одат со неа, од благослов во 20 век стана пречка за постигнување вистинска безбедност и траен мир во 21 век.,,

Гејтс предупреди дека доколку членките на НАТО не ги исполнат неопходните буџетски обврски за модернизирање на нивните сили, Европа ќе биде подложна на закани. Говорот на Гејтс е еден од трите јавни обраќања на членови на тимот за национална одбрана на претседателот Барак Обама во изминативе неколу дена. Гејтс повеќе од три години е американски секретар за одбрана, но за прв пат толку отворено ги повика европските членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана. И додека досега го фалеше нивниот
Демилитаризацијата на Европа, каде што голем дел од јавноста и политичката класа, имаат аверзија спрема воената сила и ризиците кои одат со неа, од благослов во 20 век стана пречка за постигнување вистинска безбедност и траен мир во 21 век ...
придонес во операциите на Алијансата во Авганистан и во други воени мисии, овојпат Гејтс рече дека НАТО сојузници неодамна покажале, како што изјави, несразмерно ниво на посветеност во Авганистан. Тој Алијансата ја опиша како воен сојуз со вистински светски обврски чии последици можат да значат живот или смрт.

,,Токму сега, Алијансата се соочува со многу сериозни, долгорочни и системски проблеми. Буџетската криза во НАТО е симптом на подлабоки проблеми во начинот на кој НАТО ги гледа заканите, ги формулира барањата, и им дава приоритет на ресурсите.,,

Тој истакна дека на НАТО веќе подолго време му требаат повеќе карго авиони и хеликоптери за основните операции во Авганистан. Холандската влада се распадна овој месец, не можејќи да се договори за натамошно останување на војниците во Авганистан.
Канада, исто така, најави дека планира ги повлече своите војници до 2011 година. Инаку, во врска со иднината на НАТО веќе работи група експерти под раководство на поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт. Нивниот предлог за измени на стратегискиот концепт на НАТО би требало официјално да биде прифатен на самитот во Лисабон во ноември годинава.

,,Безбедносните ветувања на НАТО не се променети и покрај фактот дека драматично е сменето местото каде стратегиски дејствува. Ни треба ново размислување за да одговориме на новите закани, но без постојниот основен принцип нема да бидеме во можност тоа и да го правиме...

Изјави деновиве во Вашингтон американскиот амбасадор во НАТО Ајво Далдер.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG