Достапни линкови

logo-print

Шест години од загинувањето на Борис Трајковски


Денеска се навршуваат шест години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осуммина негови соработници и членови на екипажот. Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во близина на Мостар. По тој повод, шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски.
XS
SM
MD
LG