Достапни линкови

logo-print

Хаменеи смета дека иранската опозиција го загубила кредибилитетот


Иранскиот врховен лидер, ајатолах Ал Хаменеи, изјави дека иранската опозиција го има загубено кредибилитетот и правото да учествува во политиката поради тоа што не ги поддржала минатогодишните изборни резултати. Немирите по ланските претседателски избори настанаа поради тоа што одредени луѓе не сакаа да ја прифатат волјата на мнозинството, изјави Ал Хаменеи, чиј збор се смета за конечен во однос на сите државни работи.
XS
SM
MD
LG