Достапни линкови

Американски брод на грузиско пристаниште


Американски воен брод се усидри денеска на Грузиското пристаниште за заеднички вежби со Грузија на Црното море, изјавил американскиот воен претставник, Џон Хол. Американската војска соопшти дека целта на посетата на пристаништето Поти кое се наоѓа на 50-тина километри од границата со Абхазија е да им се помогне во обуката за безбедност на грузиските крајбрежни чувари. Во меѓувреме Русија е во процес на договарање да отвори воена база во соседна Абхазија.
XS
SM
MD
LG