Достапни линкови

logo-print

Груевски: Северна, Горна а понекогаш и Нова се дел од предлозите


Македонскиот премиер Никола Груевски ги окарактеризира вчерашните разговори со медијаторот Метју Нимиц како консултативни .Тој истакна дека е клучен исходот од неговата посета на Грција, која, како што вели тој ја потенцира својата црвена линија, со што практично нема простор за преговори. Груевски додаде дека Грција јавно го кажува своето барање за промена на името со додавање на географска одредница на зборот Македонија ,a најчесто се спомнуваат зборовите северна или горна, понекогаш и зборот нова. Toj изјави дека Нимиц не настапил со конкретен предлог и оти Македонија сега е во очекување што од таа страна ќе биде дискутирано. Груевски вели дека побарал од Нимиц почести средби на преговарачите и поинтензивна динамика на разговорите од сегашната.
XS
SM
MD
LG