Достапни линкови

Општините не умеаат да ги искористат европските пари?


Неподготвеноста на македонските општини и на администрацијата е една од причините за недоволното искористување на средствата од европските фондови. Потребно е да се спознае меѓународното искуство, како и да се конкурира со добри проекти, велат експертите.

Меѓународната соработка на македонските општини со другите од околните земји е можност за развој на економијата и за заеднички пристап до европските фондови сметаат градоначалниците. Но, според експертите тие не се подготвени да ги искористат искуствата на другите општини. Соработката на општина Кавадарци со збратимените пријателски градови од Балканот досега беше само на културно ниво, но сега ние сме фокусирани соработката да ја подигнеме на повисоко нив, вели градоначалникот на општината Александар Панов.
Во делот на аплицирање за користење на европските фондови, ,,влечењето" на пари зависи од сите нас, од квалитетните проекти, но и од потписите на две општини


„Културниот план е неспорен и тој функционира наназад многу години и да не речам децении, меѓутоа моја намера е тоа да се продлабочува се повеќе и на бизнис план, како и меѓусебната соработка на ниво на општини во делот на аплицирање за користење на европските фондови, ,,влечењето" на пари зависи од сите нас, од квалитетните проекти, но и од потписите на две општини.“

Размената на искуства и комуникацијата со странските општини е добредојдена, вели експертот, Џемаил Мехази. Но, за жал нашите општини сеуште не се подготвени да аплицираат за европските фондови.

„Затоа што за користење на ваквите фондови потребно е искуство, кадар, којшто би можел да подготвува проекти навистина одржливи и кои би можеле да ги поминат сите ,,филтри" што се потребни за добивање на средства.“

Меѓународната соработка на македонските општини им е корисна за да видат како другите ги искористиле парите од европските
Затоа што за користење на ваквите фондови потребно е искуство, кадар, којшто би можел да подготвува проекти навистина одржливи и кои би можеле да ги поминат сите ,,филтри" што се потребни за добивање на средства
фондови, вели Горан Ангелов од ЗЕЛС. Но тие сеуште не ги исполнуваат основните услови за да дојдат до нив вели тој.

,,Македонските општини располагаат со многу малку пари, значи за контрибуција на европските пари морате да прикажете 20 отсто, најчесто македонските општини ги немаат тие пари, тоа е објективниот фактор, а субјективниот фактор е дека нашата администрација е многу малку подготвена за да си спреми проектите за ЕУ."

За да можат да ги добијат европските пари тие треба да имаат добри проекти врз основа на целите на Унијата, вели Ангелов.

„Изработка на проектна документација што ќе биде основа за аплицирње за добивање на европските средства и се разбира да се утврдат проектите врз основа на целите кои сака да ги постигне ЕУ. Значи мора да направиме проекти согласно целите на ЕУ.“

Од 11 милијарди евра колку што преку европските фондови ќе можат да ги користат сите земји за Македонија се предвидени 210 милиони.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG