Достапни линкови

Средбата на турскиот државен врв поминал „добро“


Проблемите на Турција треба да бидат решени во рамките на Уставот.Ова денска го изјави турскиот претседател, Абдула Ѓул по 3 часовната средба со премиерот Реџеп Таип Ердоган и генералот Илкер Башбуг. Ѓул додаде дека секој треба да дејствува одговорно за да се избегне погубното влијание врз институциите. Премиерот Ердоган кратко изјавил дека средбата поминала „ доволно добро“. Средбата доаѓа по неодамнешните апсења на околу 50 воени команданти, за кои постои сомневање дека се вмешани во заговор за соборување на Владата.


XS
SM
MD
LG