Достапни линкови

Фуере побара да се повлече предлог-законот за антидискриминација


Евроамбасадорот Ерван Фуере побара повлекување на предлог законот за заштита од дикриминација, затоа што како што вели тој не ги отсликува интересите и стандардите на Унијата. Фуере денеска по состанокот на заедничкиот комитет на граѓанското општество на Европската Унија и Македонија изјави дека конфротацијата на владеачките партии со граѓанските организации не и помагаат на Владата. Заклучоците од денешниот состанок на комитетот се дека Македонија мора да ја зајакне соработката со граѓанскиот сектор и да ги спроведе препораките на Европската унија за да може да го забрза процесот на пристапување кон Унијата.

XS
SM
MD
LG