Достапни линкови

Ќе има ли лидерска средба?


Ќе има ли нова лидерска средба?

Ќе има ли нова лидерска средба?

За сега јавноста нема информации за содржината на разговорите на македонскиот државен врв со медијаторот Метју Нимиц. Европските претставници бараат партиски консензус за името, но сеуште е неизвесно дали новите идеи ќе бидат предмет на размена на информации меѓу лидерите на политичките партии.

Засега и јавноста и политичките партии за средбите со медијаторот во спорот за името Метју Нимиц немаат информации од македонските претставници за содржината на разговорите. Нимиц рече дека не носи нови предлози туку нови идеи како процесот да се интензивира. Дали тие нови идеи ќе бидат предмет на размена на информации меѓу политичките актери во земјава се уште е
Што разговараа Груевски и Нимиц?
неизвесно. Премиерот пред доаѓањето на Нимиц во Скопје рече дека лидерска средба би повикал доколку има нови предлози од Нимиц за коишто треба да ги информира партиите.

Социјалдемократскиот сојуз е на ставот дека меѓупартиска средба треба да се одржи тогаш кога премиерот има конкретен предлог како да се излезе од проблемот и кога партиите би имале околу што да се консултираат. Засега според нив нема потреба да се коментира ниту она што го изјави медијаторот на ООН Метју Нимиц по средбите со македонскиот државен врв затоа што сеуште нашите пртерставници во разговорите од македонска страна не дале никакви информации по средбите. Од Демократската унија за интеграција секако сметаат дека оваа партија треба да биде информирана за сите прашања коишто се од суштинско значење за земјата па и за тоа што е ново во разговорите за името.

„Секако дека ДУИ како дел од коалицијата треба да се информира за сите клучни проблеми, во оваа насока и разговорите што се водени со посредникот Метју Нимиц околу името.“

изјави Тахир Хани од ДУИ.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц

За ова витално прашање треба да биде консултиран целокупниот политички фактор во земјата вели портпаротлот на Нова демократија, Аријанит Хоџа. Основа за вакви консултации според оваа партија би можеле да бидат не само нови предлози кои што би ги донел Нимиц туку и текот на понатамошниот процес и неговиот статус во овој момент а со оглед на како што велат потребата прашањето да биде решено што поскоро.

„Во ваква насока што оваа владеачка гарнитура го води овој процес или сака самата да ја земе целата одговорност или избегнува да изнајде решение.“

изјави Хоџа.

Европските претставници постојано па и при гостувањата на европарламентарците и комесарот за европрошируѕвањето Штефан Филе минатата недела порачуваат дека политичкиот консензус меѓу сите политички чинители во земјата и од власта и од опозицијата е неопходен поради засилување на позициите на земјава во процесот во моментов кога се притиска за решение на проблемот што поскоро.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG