Достапни линкови

Јанукович и официјално Претседател


Инаугурацијата на Виктор Јанукович во Киев

Инаугурацијата на Виктор Јанукович во Киев

Виктор Јанукович денеска е инаугуриран за нов претседател на Украина. На церемијата присуствуваа странски државници и дипломати, но не и неговиот ривал премиерката Јулија Тимошенко, која одбива да си даде оставка.

„Изборите се завршени. Цел свет ги призна како демократски. Украинците си го кажаа своето. Меѓународната заедница потврди дека Украина е слободна држава во која правата и слободата на граѓаните се од најголемо значење“.

изјави сега веќе новиот Украински Претседател Виктор Јанукович. Изборот на граѓаните не може да биде доведен во прашање поради манифестација на нечија болна желба.

Земјата е во тешка ситуација. Нема државен буџет за годинава. Долговите кон странство се колосални. Сиромаштијата, руинираната економија и корупцијата се само дел од листата на маките кои ја сочинуваат украинската реалност.
Јас знам што треба да се направи. Ни треба ефективна влада која ке се зафати со економијата и сиромаштијата


Во меѓувреме продолжува политички спор со неговиот ривал, премиерот Јулија Тимошенко. Таа не присуствуваше на инаугурацијата, а одбива и да си поднесе оставка на премиерската функција.

Јас знам што треба да се направи. Ни треба пред се ефективна влада која ке се зафати со економијата и сиромаштијата.

Јанукович ја положи заклетва како четврти претседател на Украина. Јанукович ја положи заклетвата во присуство на повеќе претседатели на странски држави, министерот за надворешни работи на ЕУ, Кетрин Ештон, советникот на американската национална безбедност Џејмс Џонс, и претседател на рускиот парламент Борис Гризлов. На инагурацијата на новоизбраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович присуствуваше и Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. На Виктор Јануковик се гледа како на проруски ориениран лидер.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG