Достапни линкови

Филе:Само името ја дели Македонија од ЕУ


Името е единственото прашање кое ја дели Македонија од доделување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, изјавил еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе на прес конференција во Брисел. Тој изјавата ја дал по средбата на која било одлучено ЕК да препорача отпочнување на преговори со Исланд за зачленување на оваа земја во ЕУ. Филе изјавил дека негова желба е претпристапните преговори со Македонија да започнат оваа година.
XS
SM
MD
LG