Достапни линкови

Милошоски во Берлин се среќава со својот германски колега


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Берлин ќе се сретне со неговиот германски колега , Гвидо Вестервеле. Средбата ќе биде прва официјална на министерско ниво по изборот на либералот Вестервеле за министер за надворешни работи, кој во октомври 2009 година ја наследи функцијата од Франк Валтер Штајнмаер. Се очекува министрите да разговараат за интензивирање на билатералните односи во сите области од заемен интерес, соопштуваат од македонското МНР.
XS
SM
MD
LG