Достапни линкови

logo-print

Разговори Индија -Пакистан, први по нападите во Мумбаи


Претставници на Индија и Пакистан денеска ќе одржат први официјални разговори , по 2008-та година, кога се случија нападите во Мумбаи. Министрите за надворешни работи, најверојатно, ќе разговараат за борба против тероризмот и ситуацијата со спорниот хималајски регион Кашмир, кој е причината за две од трите војни, кои досега ги воделе овие држави меѓу себе, јавуваат светските агенции. Индија официјално ги прекина разговорите со Пакистан, по нападите во Мумбаи , при што загинаа повеќе од 170 луѓе.

XS
SM
MD
LG