Достапни линкови

Ел Барадеј ќе ја предводи опозицијата во Египет


Околу 30 политичари припадници на опозицијата во Египет се согласиле да формираат коалиција за политички промени, предводена од поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј. Претставници на опозицијата имале средба со Ел Барадеј , и побарале да се започне со кампања за уставни промени пред парламентарните избори закажани за оваа година и пред претседателските избори закажани за 2011-та. Некои од политичарите вклучени во разговорите, за новинската агенција Ројтерс, изјавиле дека формирањето на "Национална Коалицијата за промени", предводена од Ел Барадеј, ќе има за цел да го предизвика Хосни Мубарак кој е претседател на земјата речиси три децении.

XS
SM
MD
LG