Достапни линкови

САД се заблагодаруваат на Европа за Гвантанамо


Соединетите држави добиваат се поголема помош од Европа за нивните намери за го затворат затворот во Гвантанамо .Шпанија прифати еден затвореник , а Албанија прифати три. Шпанскиот министер за внатрешни работи изјавил дека Шпанија ќе прифати уште четири затвореници од Гвантанамо .Американското одделение за правда издало соопштение во кое изразува благодарност за прифаќањето на затворениците. Во Гвантанамо во моментов има уште 188 затвореници. Амнести интернешнал соопштува дека 11 европски земји, прифатиле или се согласиле да прифатат вкупно 22 поранешни затворениците. Покрај Шпанија и Албанија, затвореници прифатиле и Белгија, Франција, Унгарија, Ирска, Португалија, Швајцарија, Словачка, Летонија и Бугарија.

XS
SM
MD
LG