Достапни линкови

Клинтон: Сирија да се одалечи од Иран


Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД ја притискаат Сирија да се оддалечи од Иран и оцени дека официјален Дамаск „се оттргнува од врските со Иран“. Коментарите на Клинтон доаѓаат пред утрешната средба на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад со неговиот сириски колега Башар Ал Асад во Дамаск. Минатата недела, Сирија навести дека би можела да посредува меѓу Иран и западните сили во спорот за иранската нуклеарна програма.Клинтон повика на поголема соработка со Сирија за прашањата поврзани со Ирак, Израел и Либан.
XS
SM
MD
LG