Достапни линкови

Медведев:Русија и ЕУ треба повеќе да соработуваат


Рускиот претседател, Дмитри Медведев изјави денеска дека Русија и Европската Унија треба да ги продлабочат врските. Медведев побара да се сретне во новиот министер за надворешни работи, Кетрин Ештон за време на нејзината прва посета на Москва. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави по средбата со Ештон дека се направени првите чекори за идно партнерство. Тој истакна дека треба да ја зацврстат соработката во области како економија, образование, технологија и иновации. Наскоро двете страни треба да потпишат нов договор за партнерство и соработка.
XS
SM
MD
LG