Достапни линкови

logo-print

Нимиц: „Видов многу силно чувство и желба да се реши проблемот“


Разговорите во Скопје медијаторот во спорот за името, ги окарактеризира како многу сериозни и конструктивни и кои можат да понудат добра основа за интензивирање на процесот којшто беше забавен повеќе месеци, изјави Метју Нимиц. Toј со средбата со премиерот Груевски ја заокружи посетата на Македонија.

„Имав интензивни разговори. Видов многу силно чувство и желба да се реши проблемот. Се надевам дека врз основа на разговорите
Имав интензивни разговори. Видов многу силно чувство и желба да се реши проблемот.
тука и во Атина ќе го интензивираме процесот којшто беше забавен многу месеци наназад и да видиме дали има шанса да се реши прашањето кое што се задржа премногу долго на меѓународната агенда.“

изјави Нимиц
Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц

Тој рече дека не носи никаков пишан долкумент но дека дел од многубројните сугестии коишто ги дал во изминативе години се сеуште на маса и би можеле да бидат дел од решението. Делови од нив се добро познати, додаде Нимиц. Повтори и дека позициите на двете страни се различни и потребен е напор за да се дојде до една заедничка позиција. Сега одам во Атина, а потоа ќе видиме што ќе правиме натаму, рече Нимиц, кој дод
Мислам дека ова е вистинско време кога владите во двете земји се сериозни и способни да се справат со прашањето за името. Меѓународната заедница бара од мене како да се реши и јас мислам дека ова е вистинскоот време да се реши
аде и дека нема ниту една причина да верува оти Атина нема желба да се справи со проблемот. Но, потенцираше и дека од меѓународната заедница тоа се очекува како и дека од негова гледна точка мора да се напредува многу брзо.

Вистинско време за решение

„Мислам дека ова е вистинско време кога владите во двете земји се сериозни и способни да се справат со прашањето за името. Меѓународната заедница бара од мене како да се реши и јас мислам дека ова е вистинскоот време да се реши“

Медијаторот Метју Нимиц на прес конференција
рече Нимиц којшто појасни и дека прашањето го гледа како прашање кое се однесува на името на државата а со сите други прашања можеме да се справиме дополнително додаде тој.

Каде и како ќе продолжат разговорите како што рече ќе се види откако ќе ја посети Атина. На 26 Нимиц ќе има средби со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас. Разговорите продолжуваат по извесниот ќорсокак во кој навлегоа во ноември во Њујорк. Нимиц последен пат го посети регионот во јули минатта година.
XS
SM
MD
LG