Достапни линкови

Нимиц: Делови од решението се познати но нема решение


Во Скопје видов сериозен и конструктивен пристап за решавање на македонско- грчкиот спор со името, оцени денеска медијаторот Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски. Нимиц истакна дека во Македонија има силна желба и волја да се реши проблемот. Тој додаде дека се надева дека се надева оти и по разговорите во Атина ќе се интезивира процесот. Нимиц изјави дека делови од решението се добро познати но сепак нема целосно решение.
XS
SM
MD
LG