Достапни линкови

Речиси 20 илјади луѓе ги блокираа улиците во Грција


Над 10 илјади демонстранти во Атина и речиси 7 илјади во Солун денеска протестираат против владините мерки за намалување на буџетските трошоци, пренесуваат новинските агенции. За време на протетсите полицијата употребила солзавец на група демонстранти кои фрлале со камења и пластични шишиња, но воглавно протетсите се мирни известуваат агенциите.Штајкувачите бараат да се префрли товарот на владините мерки на нивниот грб туку да си платат тие што се виновни за кризата во Грција. Владините мерките вклучуваат замрзнување на платата, зголемување на даноци и подигнување на просечната возраст за пензионирање.
XS
SM
MD
LG