Достапни линкови

Денеска средба Груевски – Нимиц


Медијаторот Нимиц вчера се сретна со претседателот Иванов и шефот на дипломатијата Милошоски
Медијаторот Нимиц вчера се сретна со претседателот Иванов и шефот на дипломатијата Милошоски

На вториот ден од посетата, медијаторот во спорот за името Метју Нимиц денеска ќе се сретне со премиерот Груевски а на средбите ќе присуствуваат и вицепремиерот Абдулхаким Адеми и шефот на премиерскиот кабинет, Мартин Протоѓер.

По пристигнувањето во Македонија Нимиц рече дека вложува многу труд па и очекувањата од оваа посета му се многу големи. Пред средбите со Министерот за надворешни работи Милошоски и со претседателот Иванов рече дека не носи нов пакет предлози но носи нови идеи коишто би го придвижиле процесот нанапред. Овие идеи тој ги презентирал на вчерашните средби а од македонските
Македонската страна ја притиска отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ, а грчката страна ја притиска тоа што зависи од економска помош од ЕУ, така што и на двете страни е отворен тој прозорец на можности
соговорници бил запознат со позициите и начините ккао може да се работи на изнаоѓање решение согласно резолуциите на ООН, беше соопштено од кабинетот на претседателот. Кога станува збор за новите идеи тој појасни дека прашањата се добро познати во Макеоднија и дека повеќето од концептите се разговарани неколку години наназад. Со апел дека двете страни треба да покажат лидерство и креативност тој изрази оптимизам дека спорот може да биде решен за кусо време доколку двете страни се подготвени на тоа. Дел од македонксите експерти во изјавите на Нимиц гледаат потврда на она што со европскиот речник веќе се нарече и што според нив е присутно во последниов период - отворен прозорец на можности да дојде до некакво приближување во процесот.

„Македонската страна ја притиска отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ, а грчката страна ја притиска тоа што зависи од економска помош од ЕУ, така што и на двете страни е отворен тој прозорец на можности,“

изјави полииткологот Здравко Савевски.

Волшебни решанија не треба да се очекуваат рече Нимиц туку е потребно соочување со тежината на проблемот и политичка акција од двете страни. Не исклучи дека е воможно да се чуе предлог и од македонска страна. Премиерот Груевски пред доаѓањето на Нимиц во земјава рече дека е неблагодарно да се прогнозира околу изходот од средбите но потврди дека македонската страна е како што рече широко отворан за позитивен и максимално конструктивен пристап за изнаоѓање решение за проблемот. По завршувањето на средбите во Скопје, Нимиц ќе отпатува за Атина кадешто на 26 ќе одржи средба со премиерот Папандреу и со алтернативниот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас за да ги чуе сегашните позиции на грчката страна во спорот.
XS
SM
MD
LG