Достапни линкови

Ќе има ли предвремени избори?


Се подготвува ли власта за предвремени избори?
Се подготвува ли власта за предвремени избори?

Власта тврди дека не планира предвремени избори. Опозицијата пак, смета дека не е време за избори, но дека е подготвена за ирационален потег на власта. Според експертите, на Македонија и е потребно спроведување на платформите за кои ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја освоија власта.

Не се планираат предвремени избори велат од власта. Од опозицијата пак иако не е за предвремени избори, велат дека се спремни. Иако анкетите кои покажуваат висок рејтинг на владеачката партија, шетањето по села и градови, потребата за средба со граѓаните,
Немаме намера да одиме на предвремени избори, тоа сме го кажале повеќе пати
препукувањата мегу партиите на власт и со оние од опозицијата, потсетуваат на припреми за избори. Премерот Никола Груевски изјави дека не планира предвремени избори, ниту реконструкција на Владата.

„Немаме намера да одиме на предвремени избори, тоа сме го кажале повеќе пати. Рејтингот не е нешто на што сме фокусирани. За мене е најважно да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале во програмата. Обврската со ова е уште и поголема,“
Ние апсолутно не разговараме за предвремени избори, туку ние функционираме и сакаме да бидеме успешни во власта.

истакна премиерот, одговарајќи на новинарско прашање дали високиот рејтинг од најновата анкета ќе го мотивира за предвемени избори.

И во анкетата на нашиот сајт, makdenes.org, од близу 1000 луѓе што одговориле на прашањето за кого ќе гласаат на следните избори, повеќе од 42 проценти својот глас го дале за ВМРО ДПМНЕ, 24 проценти гласале за СДСМ, а дури 13 проценти одговориле со Не знам.

И од нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, велат дека досега не станало збор за предвремени избори. Пратеникот Тахир Хани вели:

„Ние апсолутно не разговараме за предвремени избори, туку ние функционираме и сакаме да бидеме успешни во власта.“
Друго прашање е дали тоа во моментов за земјата е добро, бидејќи ЕУ и сите кажуваат дека до јуни треба да се фокусираме на перпсктивите на земјата. Но, СДСМ е подготвен и не може да го изненади било каков ирационален потег од сегашната влада

Од опозициската СДСМ пак велат дека не би ги изненадило да има предвремени избори:

„Друго прашање е дали тоа во моментов за земјата е добро, бидејќи ЕУ и сите кажуваат дека до јуни треба да се фокусираме на перпсктивите на земјата. Но, СДСМ е подготвен и не може да го изненади било каков ирационален потег од сегашната влада, затоа што и до сега сме навикнале на тоа.

Аналитичарот Имер Исмаили вели дека идејата за предвремени избори е уште една од низата политички глупости што се случуваат во Македонија. Тој вели дека со пропагандата за изборите се оттргнува вниманието од другите битни прашања:

„Мислам дека ова е многу незрело, неполитички, недржавнички од страна на тие што ја пропагираат оваа идеја. Дефинитивно мислам дека Македонија нема потреба од избори, туку од реализирање на платформи врз основа на кои ДУИ и ВМРО ДПМНЕ го добија мнозинството гласови на граѓаните на Република Македонија.“

Исмаили смета дека политичарите сега треба да се посветат на приоритетни теми и на решавање на проблемите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG